Волшебно велигденско дрво

Volshebno-veligdensko-drvo-slider

Во пресрет на верскиот празник Велигден, Рамстор мол во соработка со Црвениот крст на град Скопје и ЈУ Центар за социјална работа организираат хуманитарна акција наречена како „ Волшебно велигденско дрво “. Над 50 деца и младинци кои што го посетуваат дневниот центар за церебрална парализа Капиштец ќе ги запишат своите велигденски желби и истите ќе бидат прикачени на волшебното велигденско дрво на желби. Сите хумани граѓани и општестевно одговорни компании ќе можат да ги исполнуваат напишаните желби, а со тоа да подарат среќа на едно дете.

Сите хумани граѓани и општестевно одговорни компании ќе можат да ги исполнуваат напишаните желби, а со тоа да подарат среќа Активностите се со цел олеснување на животот и потребите на овие лица, а со тоа би се придонело за нивна полесна интеграција во општеството. Со самата активност покрај доприносот овие лица да се чувствуваат убаво и радосно, целтта е и подигнување на јавната свет за надминување на прерасудите и стереотипите на лицата со пречки во развојот. Акцијата трае од 04ти до 27ми април. Нека биде овој Велигден среќен за сите.