Да го одбележиме светскиот ден на животните

Svetski-den-na-zivotnite-fb-post

По повод светскиот ден на животните, Ramstore Mall ве повикува на уште едно интересно дружење. На 4ти Октомври (Недела) со почеток во 11 часот ќе се одржи дефиле на миленици. Најшармантните миленичиња и нивните сопственици ќе добијат вредни подароци и благодарници од страна на стручното жири.

За учество на овој настан, потребно е да прикачите фотографија од вашите миленичиња на Фејсбук фан страната на Ramstore Mall и да соберете што е можно повеќе лајкови. Најлајкуваните миленичиња ќе бидат оние кои што ќе учествуваат на дефилето.

Во склоп на настанот ќе се одржи и детска креативна работилница на тема: Моето милениче.

Сакајте ги животните!