Започнува голема матурска кампања на Рамстор Мол

Трговскиот центар  кој е центар на модата, вкусови, настани и забава, Рамстор Мол преку денешната најава на кампањата Матурско табло уште еднаш ја потврдува постојаната грижа за своите посетители. Имено во изминатите неколку години Рамстор Мол пролетниот период го посветува на сите матуранти преку организација на интересни кампањи кои имаат за цел да им го обезбедат на матурантите совршениот матурски изглед.

Од денес 20ти април во трговскиот центар е активна кампањата Матурско табло која на двајца најматуранти ќе им обезбеди можност заедно со модната дизајнерка и стилистка Ирина Тошева, да ја одберат од брендовите во Рамстор Мол совршената матурска комбинација, истата да ја добијат со 50% намалување и на својата матура да бидат најголеми ѕвезди со тоа што ќе пристигнат со најдобар изглед и сопствена лимузина.

Освен најматурантот и најматурантката, Рамстор Мол на петорица матуранти ќе им подари ваучери во износ од 3000 денари. Се што треба да направат матурантите кои сакаат да бидат дел од оваа кампања е да го посетат трговскиот, да го пронајдат матурското табло на Рамстор Мол, да се фотографираат и да ја закачат својата фотографија на официјалната фан страната на Рамстор Мол на Facebook или Instagram преку хаштаг #НАЈМАТУРНАТ #МАТУРСКО ТАБЛО @RAMSTOREMALL. Комисија од трговскиот потоа ќе ги одбере најсимпатичните фотографии кои ќе ги добијат вредните подароци. Уште една новина која ја најавува трговскиот е дека оваа година голем дел од официјалните таблоа на средните училишта и факултети за прв пат ќе бидат изложени во холот на Рамстор Мол.

Matursko tablo 2