Извлечен е среќниот добитник на FORD EKOSPORT од наградната игра на Рамстор Мол

Новата 2020 донесе многу радост и среќа на Татјана Балчева. Тој е среќниот добитник на Форд Екоспорт од големата наградна игра на Рамстор Мол која традиционално се одржува секоја година.

Извлекувањето на добитникот се одвиваше јавно во Рамстор Мол во присуство на претставници од шопинг центарот, а истото беше пренесусвано и на Фејсбук во живо.

Се што требаше да направите во периодот од 16.11.2019 до 16.01.2020 е да пазарувате во продавниците во Рамстор Мол и со секоја сметка над 1000 денари да учествувате во наградната игра за нов автомобил. Потоа вашата фискална сметка да ја приложите на официјалниот пулт на Рамстор Мол со што ќе добиете купон кој треба да го пополните и да го ставите во среќната кутија.

Рамстор Мол е шопинг центар кој постојано се грижи за своите посетители со секогаш најдобри понуди и ќе продолжи и во иднина да биде прва опција за нив.

Slika3

Slika-1