НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА НА ЖЕЛБИ ВО РАМСТОР МОЛ ДОНЕСЕ РАДОСТ И ПОЛНИ СРЦА

Во пресрет на новата година Рамстор Мол традиционално како и секоја година донесе радост и среќа на многу дечиња.

И оваа година, во соработка со Црвен Крст на Град Скопје, Рамстор Мол по повод новата година и божиќните празници организираше хуманитарна акција за дечињата сместени во згрижувачки семејства.

Вчера во Рамстор Мол Дедо Мраз успеа да ги исполни сите новогодишни желби на децата кои оваа година ги напишаа на лампионите од новогодишната елка и успеа да им донесе многу насмевки и да ги наполни детските срца со многу љубов, а овие празници уште поубави и посреќни.

Подароците за децата беа купувани од страна на посетителите кои избираа лампиони и подаруваа насмевки.Нема поубав подарок за сите нас, од детските насмевки. Рамстор Мол ви посакува среќни новогодишни и божиќни празници.