“Рамстор Мол готви“ нова интересна кампања на трговскиот центар за вкусен и економичен оброк

Од денес, (12 мај) па се до 31 мај, посетителите во делот за брза храна во Рамстор Мол ќе бидат послужени со вкусни оброци, кои ќе ги добијат со многу поволности. Кампањата под слоганот “Рамстор Мол готви“, трговскиот центар ја организира со цел да им приреди вкусен оброк на своите посетители во пријатна атмосфера и се тоа за пониски цени. Брендовите за брза храна од Рамстор Мол подготвуваат нови вкусни оброци за сите возрасти и вкусови.

Целото семејство ќе има можност да го одбере својот омилен вкус, во различни периоди од денот, кои Рамстор Мол ги предвиде за сите три дневни оброци: појадок, кој ќе се сервира од 09 до 11 часот, ручек од 14 до 16 часот и вечера од 20 до 22 часот. Рамстор Мол ги повикува паровите да го посетат делот за храна во трговскиот, да нарачаат еден оброк во горенаведените термини и да добијат попуст на вториот.

Семејствата пак кои ќе се одлучат својот семеен оброк да го поминат во одделот за брза храна, за купени два или повеќе оброци ќе добијат гратис детски оброк. Добар апетит!