РАМСТОР МОЛ ЗАПОЧНА СО РАБОТА

 

Рамстор Мол согласно сите препораки на Владата и Министерството за здравство ги отвори своите врати за посетителите. По ситуацијата во која се најдовме сите и пандемијата која го зафати целиот свет и речиси повеќе од 2 месеци не работење, Рамстор Мол започнува со нормално функционирање.

Како главен приоритет по ново настаната ситуација ќе биде здравјето на луѓето, а за таа цел Рамстор Мол ги превзеде сите мерки кои се строго определени од страна на властите, се со цел да се влијае на општото здравје заедно со сите вклучени страни во целокупното работење.

Протоколот со мерки и препораки кои треба да се применуваат и почитуваат и кои се наложени од страна на Владата на Република Северна Македонија а кои Рамстор Мол ги превзеде се:

  1. Ограничено/скратено работно време (10:00 до 18:00) – затворени во недела,
  2. Регулирање на влезот на лица во затворениот продажен центар од страна на овластено лице, така што да не се дозволи групирање на луѓе во ходниците, така што ќе се дозволи по едно лице на 5м²
  3. Ограничување за лицата над 65 години, со можност за пазарување до 12 часот
  4. Задолжително носење на заштитни маски и ракавици на вработените,
  5. Задолжително носење на заштитни маски на купувачите
  6. Одржување на физичко растојание меѓу купувачите, и меѓу купувачите и продавачите од 1,5м – 2м,
  7. Поставени на јасно видливи места, едукативно-информатини материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење на заштитни маски, одржување на физичка дистанца, редовно дезифицирање на рацете, правилна респираторна хигиена. Дополнително, преку разглас (на секои 30мин.) информирање на купувачите за почитување на овие превентивни мерки,
  8. Регулирање на бројот на купувачи согласно квадратурата на продавницата на 8м² – 10м² продажен простор, по еден купувач,
  9. Задолжително одредено лице од фирмата пред влезот на продавницата да го организира редот и бројот на купувачи,
  10. На влезот на продавницата да биде обезбедено средство за дезинфекција на рацете,
  11. Во продавниците за облека забрането пробување на облека – да се даде можност за пробување дома со можност замена на купената облека,
  12. Доколку на касите за наплата не може да се обезбеди растојание од 1,5- 2м помеѓу продавачот(касиерот) и купувачот да се постави бариера од плексигалас. Доколку има повеќе каси за наплата да се обезбеди растојание од 1,5-2м меѓу касите. Се препорачува користење на платежна картица при пазаруавање,
  13. Пред касите да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5-2м меѓу купувачите,
  14. Засилен санитарно хигиенски мерки односно зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
  15. Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

Затоа ве очекуваме сите вас на добар шопинг и заедно да ги почитуваме сите мерки за подобро општо здравје. Работното време на Рамстор Мол ќе биде од 10 до 18 часот секој ден. Недела ќе биде неработен ден за трговскиот центар.

IMG-bf484ebd805443d50644fdc124a58044-V

slika 1

slika 2

IMG-d7b00c60bae7d8f892d342f2c0e86c4f-V