Роденденска наградна игра: Од срце Audi Q3, Ваш Ramstore mall

audi-ramstor 10 годишнината на Рамстор Мол ја посветува на своите купувачи. Од Срце Audi Q3 – Ваш Рамстор Мол е носечкиот слоган на оваа двомесечна досега најголема и најдостапна наградна игра, во која ќе се доделат голем број вредни награди. Наградната игра трае до 15.12.2015 година. Во текот на следните два месеци, предвидени се 100 вредни награди и најголемата Audi Q3.

Учеството е лесно и достапно за секого: потенцијален добитник на Audi Q3 или една од 1ооте вредни награди се станува со сметка над 1000 денари во било која од продавниците во Рамстор Мол. Големото извлекување ќе се одржи на 18.12.2015 година.

Рамстор Мол, како и секогаш, е дарежлив кон своите посетители, трудејќи се да го направи купувањето попријатно и исполнето со предизвици и очекувања. Не ја пропуштајте оваа прилика, бидејќи можеби вие сте следниот возач на Audi Q3 – од срце подарок од Рамстор Мол.

Правила за наградна игра