ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ВО RAMSTORE MALL

volshebna_novogodishna_elkaСекое дете има право на радост! Секое дете има право на подaрок! Секое дете има право на прекрасна Нова Година! Секое дете има право на исполнување на желба! Ramstore Mall во соработка со Црвен Крст на град Скопје организира хуманитарна акција за децата сместени во згрижувачки семејства. Денес (04.12.2015) со почеток во 10 часот овие деца ќе ги искажат своите скромни желби на ливчиња во форма на лампиони кои ќе бидат закачени на волшебната новогодишна елка поставена во Ramstore Mall. По закачувањето на лампионите сите посетители ќе можат да ја покажат својата хумана страна и да исполнат барем една детска желба преку нејзина реализација. Акцијата трае до 29.12.2015 година, а подароците ќе бидат доделени на 30.12.2015 година. За детската среќа не треба многу. Стоплете нечиво срце, чувството е прекрасно. Волшебната Новогодишна Елка е традиционална кампања на Ramstore Mall со цел да ги усреќи сите дечиња и да им приреди волшебна Нова Година.