Цел месец врвно искуство за посетителите на трговскиот центар Рамстор, музика, вкусна храна и многу подароци

ramstor-maal-1

Со отворањето на новиот дел за брза храна, Рамстор Мол предизвика вистинско одушевување кај верните посетители кои во овој период уживаат во богатата понуда на Гурманскиот месец, под слоганот: Ајде да јадеме заедно. Горан Папаз и неговиот саксофон на големото отворање кое се одржа во средата (25.02) го скршија мразот и направија пријатна атмосфера за сите посетители кои покрај прекрасната музика имаа можност да ги искористат и дневните поволности кои ги промовираа локалите за храна.

Во текот на гурманскиот месец кој ќе трае до 22.03 во трговскиот центар ќе се реализираат повеќе активности: Гурмански среќник во кој ќе следуваат подароци за домаќинство за најсреќните и најкреативни посетители, среќно гурманско тркало, Јади, љуби, гласај- активност преку која ќе се одбере омилениот Рамстор локал за брза храна, за викендите малите сезнајковци ќе готват вкусни мафини, а сите љубители на социјалните мрежи добиваат можност да направат фотографија од омилениот оброк, да ја објават на социјалните мрежи со #АјдеДаЈадеме да соберат лајкови и да очекуваат подарок.

Гурманскиот месец е збогатен и со музички настапи, концерт на Ламбе Алабаковски, перформанс на Горан Папаз, настап на група Омниа и два настапи на кубански бенд на 14ти март од 14.00 часот и 18ти март од 16.30 часот. Со целосното реновирање и воведувањето на многу нови и свежи кампањи трговскиот центар Рамстор без сомневање наметнува ново движење на искуствен внатрешен мол маркетинг.