Агенда за Екомакенбалот

Дечиња дали се подготвивте за најзабавниот еко маскенбал во градот?

На 01 април ве очекуваме сите на најшарениот и најзабавниот маскенбал во Рамстор мол. Место на кое што ќе се покаже цела ваша креативност и способност во создавањето на најеко маска.

На маскенбалот право на учество имаат сите деца од 3 до 14 години кои ќе изработат маска од материјали кои се рециклираат како што се: хартија, пластика и најлон, а истата треба да ги исполнува следните услови: Да биде едукативна, забавна и инвентивна.

За најуспешните маски и оваа година обезбедивме вредни подароци: велосипед, ролерки и Virtual Reality 3D Glasses, а подарок ќе добијат и најдобрата групна маска и најмалиот учесник на маскенбалот.

Во продолжение погледнете ја агендата за време на настанот.

Maskembal poster Agenda 2017

Дечиња Ве очекуваме сите во Рамстор мол на добра забава, шеги и смеа, за сето тоа ќе биде задолжен Ивце Пивце.

IMG_6298 IMG_6460