Дали сте подготвени за најголемата распрoдажба во градот?

Рамстор Мол го најавува почетокот на најголемата распродажба во градот прочуена по добро познатото име Гараж Сејл. Трговскиот центар веќе четврта година по ред  ја организира кампањата позната со слоганот “Дојди, правиме чистка “ која ќе започне на 17ти август и ќе трае до 21 август.

Шопинг по неверојатно ниски цени, многу забава и пријатна атмосфера се причините поради кои трговскиот центар ќе биде вашата омилена дестинација во текот на целата недела. Сите посетители и љубители на шопингот  ќе имаат можност да си ги набават сите омилени парчиња гардероба, чевли, накит на попуст дури до 70%. Покрај тоа, трговскиот центар обезбеди и голем број забавни активности кои ќе го направат купувањето уште попријатно.

Kaко и досега, во кампањата ќе учествува и маркетот лоциран во трговскиот центар, кој за сите посетители предвиде големи акции и намалувања на производите.

Шопингот добива ново име во Рамстор Мол: Гараж Сејл. Искоритете ја оваа неверојатна можност и заштедете додека купувате.

Garage sale poster