Денови на Турција во Рамстор мол

Запознај ја Европа со Рамстор мол! Овие денови ја посетуваме Турција и градот Истанбул.

Од 28.05 па сè до 07.06.2018 година, како дел од големата наградна игра „Запознај ја Европа со Рамстор мол“, ги одбележуваме деновите на Турција во Рамстор мол.

За времетраењето на наградата игра ќе се одвиваат многубројни активности со кои што ќе ја запознаете подобро Турција и градот Истанбул.

Филмски проекции

Проследете ги бесплатните филмски проекции на турски филм на 30ти Мај (среда) и 06ти Јуни (среда) со почеток од 21.00 часот во одделот за брза храна. Ќе се прикажуваат филмовите:

  • Дрвото Чинар – 30 ти Мај – 21 часот

CA_Poster

  •  Долга приказна – 06ти Јуни – 21 часот

Uzun Hikaye- Долга Приказна

Музички перформанси

На 02 Јуни со почеток од 12 часот ќе има изведба на традиционална турска музика на музичкиот инструмент „Канон“.

Детски едукативни работилници 

На 02 и 03 Јуни од 12 до 14 часот детски едукативни работилници на тема:

  •  изработка на макети од значајни места во Турција Истанбул (Кулата Бајазит, Света Софија, Сината џамија, Топкапи и паркот на цвеќињата).

Детска театарска претстава

На 01 Јуни со почеток од 13 часот во детското катче на првиот кат во Рамстор мол ќе се прераскажуваат детски турски приказни.

Одлични промоции

Одлична понуда  и промоција на турски производи од маркетот Рамстор во Рамстор мол за време на деновите на Турција како и во одделот за брза храна.

33221550_1790438564345516_8961488768213188608_o

При посета на Турција и градот Истанбул убаво би било да бидете запознаени со следните 10 интересни факти за градот Истанбул:

Истанбул е еден од најживописните градови на планетава. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Но, никогаш не можете да дознаете сѐ за овој раскошен град на Босфор…

  1. Започнете ја вашата прошетка во Истанбул од Галата кулата сместена е во населбата Галата, во близина на Златниот Рог.Кај Венецијанците, кулата е позната и како Христова кула. Една од најпознатата легенда за кулата е за Хезарфен Ахмет Челеби. Во текот на 17 век, тој се обидел да лета од кулата до Ускудар со крилја прикачени на рацете. По неколку обиди тој успеал во еден ден со помош на ветрот кој го одвел преку Босфорот до Ускудар.
  2. Продолжете со вашата прошетка до Момината кула која е еден од најромантичните објекти во Истанбул. Оваа градба е единствената во Усќудар која датира од византиско време. Кулата чија митска историја започнува во околу 2.500 п.н.е. е изградена врз мал остров кој се наоѓа на местото каде се среќаваат водите на Црно и Мраморно Море.
  3. Во Истанбул е изградено третото најстаро метро во светот, кое постои од 1875 година. Постари се само метрото во Лондон (1863) и во Њујорк (1868).
  4. Во историјата, Истанбул бил главен град на: Римската Империја, Византиската Империја, Латинската Империја и Отоманската Империја. А сепак, во денешно време, Анкара е главен град на Турција.
  5. Четирите бронзени коњи кои денес ја украсуваат катедралата Сан Марко во Венеција биле украдени од Истанбул во 13. век од Крстоносците.
  6. Агата Кристи го напишала својот познат роман „Убиство во Ориент Експрес“ во хотелот Пера Палас во Истанбул, откако самата била патник на познатиот воз кој сообраќал од Париз до Истанбул во периодот од 1883 до 1977 година.
  7. Големиот пазар во Истанбул (Капали Чаршија) е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3.000 продавници.
  8. Речиси без исклучок, сите жители на Истанбул се жалат еден за друг, за сообраќајниот метеж, за начинот на кој се прават работите итн., но никој не сака да си замине оттаму.
  9. „Почвата и камењата во Истанбул се златни“. Оваа позната парола од 50-те години на 20. век донела огромен број луѓе од селата во овој магичен град.
  10. Во Истанбул се наоѓа најголемата црква-џамија (Света Софија) во светот и единствената која служи како музеј за испреплетеното влијание помеѓу двете доминантни религии во регионот.

Резултат со слика за istanbul

Пазари и патувај во Истанбул со Рамстор мол, центар во центар.

Резултат со слика за istanbul