„Литература.мк“ – ново книжевно катче

Литература.мк“ е новото место за страсните љубители на книгата, вљубениците во пишаниот збор и талкачите низ бескрајниот литературен простор.

На првиот кат во ТЦ „Рамстор“ започна со работа „Литература.мк“, книжарница во која се обединети страста за убав збор, страста за шопинг и страста за враќање на книгата во нашето секојдневие.

fb-post-literatura-mk

Топлиот и досетлив муабет до книжарите ќе ви ги доближи Габриел Гарсија Маркес, Умберто Еко, Харпер Ли, Киплинг…, а и „Бајките од Македонија“ и „Пчеличката Маја“ и „Дина и Додо“… Понудата е долга, селективно одбрана и прегледно изложена, за да се снајдете едноставно во светот на книгите и изданијата на сите домашни издавачи.

Ве чекаме, наминете и дозволете си да ве заведе новото книжевно катче.