Наздрави со Тиквеш и сподели љубов во Рамстор мол

Месецот на виното и љубовта најубаво се празнува со споделување на посебни магични љубовни моменти со најблиските. Во соработка со винаријата Тиквеш ја започнуваме кампањата “Наздрави со вино, сподели љубов”. Се до 14 февруари посетителите на Рамстор Мол добиваат можност да наздрават со вино и да споделат љубов за празникот св.Трифун и св. Валентин.

Се што треба да направат е да купат едно вино од брендот Тиквеш од линијата на Special Selection, во маркетот на трговскиот центар, да напишат кратка порака до саканата личност, а организаторите ќе се потрудат таа порака да пристигне до назначената адреса.

Во рамки на кампањата сите активности во трговскиот ќе бидат насочени кон празнување на љубовта и виното и затоа се предвидени низа на активности како што се: дегустација на вина од Тиквеш, буре на желби во рамки на кое неколку најкреативни посетители ќе добијат подароци и испраќање на креативни вирални честитки на социјалните медиуми.

Рамстор Мол ги повикува сите вљубени и љубители на вино да го посетат трговскиот и да уживаат во прекрасната магична атмосфера.

Rm-&-tikvesh-web-slider