Среќни матурски попусти

Во следните три дена (13, 14, 15 мај) во Рамстор Мол ќе владее вистинска матурска еуфорија бидејки од трговскиот центар најавуваат финални попусти за сите матуранти.
Во рамки на кампањата која го носи името “Среќни матурски попусти” загарантирани се големи попусти во брендовите од трговскиот центар, многу забава со музички настапи на неколку бендови и секако постојаната пријатна шопинг атмосфера која го прави овој трговски омилен на посетителите.

Сите матуранти кои досега не ја пронашле својата совршена матурска комбинација се повикуваат да го направат тоа во рамките на овие среќни попусти, а сите кои треба да одат на матура може во Рамстор Мол да го пронајдат идеалниот матурски подарок сега со намалена цена.
Посетителите покрај шопингот и забавата, ќе можат во холот на трговскиот да ги разгледаат и официјалните таблоа на голем број средни училишта и факултети.

 

Srekjni maturski popusti (1)