Утре (08.07) голема завршница на кампањата Летај до финале

Среќниот добитник на главната награда на големата наградна игра која во месец јуни ја организираше Рамстор Мол, Летај до финале утре (08.07) во трговскиот центар ќе ги превземе двата билети со кои во живо ќе го следи финалето на европското првенство во фудбал во Франција.
Добитникот на наградата кој јавно беше извлечен на 30.06 во Рамстор Мол е Тони Стојановски кој покрај двете влезници, добива и повратен авионски билет до Париз и хотелско сместување.

На утрешниот настан кој ќе започне во 12 часот, покрај доделувањето на билетите, ќе бидат извлечени и преостанатите награди кои беа најавени во кампањата. Во ова извлекување ќе учествуваат сите испратени купони, а 10 од нив ќе добијат велосипеди.

Од Рамстор Мол најавуваат дека целиот настан ќе биде збогатен и со музичка програма и латино танци.
Претставниците на трговскиот ги покануваат сите учесници во кампањата но и љубителите на музиката и латино танците да го посетат трговскиот и да бидат дел од овој забавен настан.

IMG_3950IMG_3981