Забавно лето во Рамстор мол

Попусти, промоции, бесплатни проекции на филмови и музички бендови се само дел од богатата понуда за ова лето во Рамстор мол.

Разладете се во пријатна атмосфера и избегнете ги високите температури ова лето само во трговскиот центар Рамстор. Посетителите ќе можат да се подготват за летната сезона со нови парчиња облека, обувки, накит,  козметика , производи за домаќинство по намалени цени низ сите продавнции. За пазарувањето да биде уште поинтересно секој петок организиравме по еден музички бенд кој што ќе ве забавува.

leten muzichki petok web slider

Секоја среда со почеток од 20.30 часот на одделот за брза храна ќе се прикажува по еден европски филм во соработка со Францускиот и Турскиот културен центар. Покрај бесплатната проекција на филм сите посетители ќе можат да добијат и гратис пуканки за тотално уживање во филмот.

letna filmska sreda web slider

Вашата омилена дестинација за ова лето нека биде Рамстор мол.

ramstore leto web slider