Започнува филмската среда со „Семејството Белие“

Од оваа среда, 05ти Јули, започнува летната филмска среда во Рамсторе мол.

Во соработка со Францускиот културен центар првиот филм кој што ќе се прикажува е „Семејството Белие“.

Француска комедија со шест номинации за наградите Цезар, со кратка приказна за девојка која што живее со своите глуви родители и  открива дека има талент за пеење.

Ве очекуваме оваа среда во одделот за брза храна со почеток од 20.30 часот на одлична комедија и гратис пуканки.

filmska sreda LA FAMILLE BELIER