Зошто во февруари Рамстор мол е омилена шопинг дестинација?

Сè е подготвено за традиционалната шопинг манија Garage Sale, во Рамстор мол. Она што веќе е познато за јавноста од оваа акција е уникатното искуство од последните пет години каде Рамстор традиционално организира голема сезонска распродажба. За време на оваа акција, никој не останува рамнодушен на големите попусти што достигнуваат и до 70% за производи од реномирани брендови.

Рамстор мол е првиот и единствен шопинг центар во Македонија што секоја година овозможува високо намаление на цените од производите во сите продавници и бутици што се дел од комплексот.

Сите оние кои сакаат и се подготвени да ги дочекаат ниските цени и се подноват со квалитетно парче облека и обувки или пак си купат колекција на модни додатоци, како и предмети за опремување на домот по атрактивни цени, задолжително да го посетат Рамстор мол во периодот од 7ми до 12ти февруари.

Тие шест дена, Рамстор со сигурност за сите ќе биде омилената шопинг дестинација во Македонија, па затоа бидете и вие дел од оние што купиле нешто ново по супер ниска цена за време на Garage Sale.

Garage sale