За нас
Рамстор мол е првиот трговски центар со глобални стандарди во Македонија, кој започна со работа на 11 јуни 2005 година со повеќе од 90 избрани продавници и брендови кои ги задоволуваат вкусовите, потребите и буџетот на сите посетители.
Трговскиот центар Рамстор, позициониран во срцето на главниот град Скопје повеќе од 16 години претставува дел од Вас. Тука во центарот на градот, со разновидни брендови и забава, создаваме насмевки и задоволства секојдневно на над 20 000 посетители. Поради својата одлична местоположба, Рамстор мол е во блиско опкружување на радиус од 200 метри со: министерства , државна болница, поликлиники, банки, училишта и градинки, музеи и театри итн.
Земајќи ги во предвид потрошувачките навики, се со цел обезбедување поголемо задоволство на нашите потрошувачи во чекор со времето и моменталните трендови во 2014 година започнавме со инвестирање и реновирање на веќепостоечкиот трговски центар. Оваа инвестиција беше со единствена цел , а тоа е подобрување на услугите за нашите купувачи и посетители во однос на функционалноста и изгледот на Рамстор мол. Во рамки на овие активности беше целосно обновен трговскиот центар и беа направени доста позитивни подобрувања во атмосферата за пазарење и шопинг миксот.
Покрај менувањето на визулениот и функционален изглед, Рамстор мол го промени својот коорпоративен индентитет, односно го ребрендираше своето лого и слоган. Инспирација за новото лого – СРЦЕ – претставува љубовта која што секојдневно ја развиваме кон нашите ценети потрошувачи и посетители во изминативе 16 години. Слоганот „ Центар во Центар “ претставува приказ во однос на местоположбата на трговскиот центар, како и центар на разновидни случувања, настани и активности.
Рамстор шопинг центарот е нешто повеќе од обичен трговски центар. Вистинско место сместено на простор од 25.000 м2 , нуди забава и одличен шопинг, со огромен избор на брендови и продавници, пријатни кафетерии, забава за деца, како и превкусна храна во одделот за брза храна. Во склоп на трговскиот центар се наоѓа и хипермаркетот Рамстор, кој што располага со огромен богат избор на производи. Исто така во рамките на трговскиот има и безбеден паркинг, банка, пошта, хемиско чистење итн.
Сите поволности кои ги задоволуваат посетителите седум дена во неделата и 365 дена во годината.
Рамстор, кој во Македонија започна со работа во 2005 година е дел од CITY Plaza Holding, кој е присутен на македонскиот пазар 16 години.
Во насока на својата мисија и визија како резултат на успешната работа и квалитетна услуга во малопродажниот сектор на Македонија во изминатите 16 години, Рамстор ги нуди своите услуги во 7 различни градови низ Македонија со вкупно 28 маркети на вкупна површина од 24.000 м2. и вкупно 750 вработени.
За сите поврзани прашања и услуги со Рамстор мол во 2014 година отворивме бесплатната телефонска линија наменета за сите потрошувачи и посетители. Секогаш достапни на бесплатниот телефонски број 0800 800 70 од сите фиксни и мобилни оператори. Со единствена цел на сите наши потрошувачи да им обезбедиме најдобра можна услуга. Секогаш на располагање за сите нивни потреби и прашања.
Присутни сме 365 дена во годината, Ви помагаме со огромниот избор на различни парчиња на облека. Заедно креираме мода и уживаме во вашиот центар на пазарување. Во вашиот центар на вкусови секојдневно ги задоволуваме потребите за вкусни оброци и десерти во одделот за брза храна. Вашата доверба и лојаност ја градиме заедно повеќе од 10 години. Уживаме заедно во центар на пријателството.
Ramstore mall – Центар во Центар