Кино Рамстор

Општина Центар и Рамстор мол ја продолжуваат соработката во насока на збогатување на културниот и социјалниот живот на граѓаните. Затоа оваа среда на 12 јуни со почеток од 19ч организираме филмска вечер пред платото на Трговскиот центар Рамстор Мол. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и Рамстор Мол  ги покануваат граѓаните на филмско дружење под отворено небо.

ПРОГРАМА филм филм филм (1)

Ги покануваме граѓаните да ни се придружат. Влезот е слободен. Ќе има lazy bags и столчиња со капацитет до 150 места за седење. Кино Рамстор ќе го отвораме со два документарни филма од областа на екологијата „Текстилна планина“ и „Велосипедски приказни“, а по нив ќе биде прикажан филмот „Француски бакнеж“. Ве очекуваме на филм, пуканки и добра забава со диџеј Alexandar Nk“,.

На 12ти Јуни, донесете го семејствто и пријателите на незаборавно искуство.

Проекциите на еко филмовите се дел од проектот „Младински активизам за позелени општини“ на Општина Центар, кој е поддржан од делегација на ЕУ, спроведен од Македонско здружение на млади правници, Go Green – Биди Зелен, Центар за климатски промени и Младинска Асоцијација Креактив Кавадарци.