Дали сте подготвени за најголемата распродажба во градот дури до 70%?

Во Рамстор мол започнува традиционалната шопинг манија Garage Sale. И овој пат од 02 до 08 февруари, правиме чистка, вадиме сѐ надвор!

Рамстор мол и оваа година традиционално по 16-ти пат, широко ги отвора вратите за сите посетители и подготвува неверојатна понуда на облека, накит, обувки, спортска опрема, аксесоари, книги, играчки, предмети за домаќинство, намалени дури до 70%.

Garage Sale е креиран на тој начин што и најпребирливите купувачи не можат да му одолеат, а за успешноста на оваа шопинг приказна, говори и големата посетеност и интерес во текот на деновите додека трае распродажбата.

Затоа подгответе се за добар шопинг во Рамстор Мол од 02 до 08 февруари. Рамстор шопинг лудилото само што не започнало и затоа сега не постојат ограничувања, искористете го овој поволен период и купете сè што ќе посакате, по цени за какви што мечтаете.

garage-sale