Дечиња, пристигнува Дедо Мраз во Рамстор мол!

Пристигнува дедо мраз во Рамстор мол!

Утре, 23ри Декември во 12 часот пристигнува дедо мраз заедно со баба мразица во Рамстор мол. Настанот ќе се одвива на првиот кат од трговскиот центар во детскиот корнер на Милка. Дечиња подгответе се заедно да ја раскажеме најубавата божиќна бајка, да се фотографираме со дедо мраз и за првите 100 дечиња обезбедивме слатки подароци од Милка.

Dedo mraz baba mrazica

Едукативната забава продолжува со работилниците во соработка со детското СОС село, каде што ќе изработуваме новогодишни украси и со секоја купена новогодишна честитка донираме за новогодишни подароци за дечињата од детското СОС село.

2484898050673241903.4504ffaacc407b6a56c68fc27ccf5592

При крај на денот во периодот од 17 до 19 часот едукативниот центар на Арс Ламина ќе организира неколку вида на забавни активности за сите присутни дечиња:

– Изработка на лампиони – со дрвени стапчиња и украсни елементи,  скоцкај новогодишна приказна, забавна игра „Облечи го Снешко“, „Пикадо на знаење“, „Прстени од хартија“, „Движи се по стапалките“, „Плочка/Школка“, „Магична кутија“, „Тркало на среќата“ – забавно-едукативна игра на знаење, со погоден точен одговор, секој од учесниците добива новогодишно пакетче од едукативниот центар Арс Ламина.

Novogodisha detska rabotilnica ARS Lamina