Денови на Италија во Рамстор мол

Од денес па сè до 04.05.2018 година, како дел од големата наградна игра „Запознај ја Европа со Рамстор мол“, ги одбележуваме деновите на Италија во Рамстор мол.

За времетраењето на наградата игра ќе се одвиваат многубројни активности со кои што ќе запознаете подоборо Европа.

Филмски проекции

Овој петок (27ми Апил) и следната среда(02 Мај) со почеток од 20.30 часот во одделот за брза храна ќе ве чека проекција на италијански филм.
Првиот филм кој ќе се прикажува овој петок (27.04) со почеток од 20.30 часот е Benvenuti al sud / Добредојдовте на југ. Трејлерот за истиот може да го погледнете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=3JtQfHPPGS8
Вториот филм кој ќе се прикажува наредната среда (02.05) исто така со почеток од 20.30 часот е La sedia della felicità / Столот на среќата, а трејлерот може да го погледнете на линкот: https://www.youtube.com/watch?v=tX9fuibjkuE
Проекциите се од отворен карактер и филмовите ќе бидат со превод на македонски јазик.

event

Музички перформанси

Уживајте во посетата на трговскиот центар Рамстор и во звуците на Италија, на 27.04 од 12 до 13 ч уживајте во изведбата на италијански канцони.

Детски едукативни работилници

Овој викенд (28/29 Април) изработуваме макети од значајните места во Италија Рим (Колосеумот, фонтаната Треви, Пантенон) и се забавуваме на Лего натпреварот организиран од продавницата Крш.

30806061_1763575017031871_842760629446382712_o

Одлични промоции

Одлични промоции во одделот за брза храна на Рамстор мол на храната која што асоцира на Италија.

Zapoznaj ja Evropa meni 24.04.2018

Искористете ги одличните промоции во маркетот, одделот за брза храна, дојдете на проекциите на италијански филмови и многу повеќе!

Пазарете во нашиот мол и можеби вие ќе бидете среќниот добитник на патување за Рим!