Денови на Шпанија во Рамстор мол

Запознај ја Европа со Рамстор мол! Овие денови ја посетуваме Шпанија и градот Барселона.

Од 18.05 па сè до 27.05.2018 година, како дел од големата наградна игра „Запознај ја Европа со Рамстор мол“, ги одбележуваме деновите на Шпанија во Рамстор мол.

За времетраењето на наградата игра ќе се одвиваат многубројни активности со кои што ќе ја запознаете подобро Шпанија и градот Барселона.

Филмски проекции

Во среда на 23.05.2018 година со почеток од 21.00 часот во одделот за брза храна ќе ве чека бесплатна проекција на шпански филм.

ОВЦИТЕ НЕ ГО ПРОПУШТААТ ВОЗОТ

(Las ovejas no pierden el tren)

Игран филм, Шпанија

2014 г., 103 мин., колор, блуреј

Режија: Алваро Фернандез Армеро (Álvaro Fernández Armero)

Сценарио: Алваро Фернандез Армеро (Álvaro Fernández Armero)

Улоги: Раул Аревало, Инма Куеста, Алберто Сан Хуан (Raúl Arévalo, Inma Cuesta, Alberto San Juan)

lasovejasnopierdeneltrencartel-320x457

Урбана комедија полна со иронија, хумор, интересни ситуации и шеги. Во центар на вниманието се Алберто и Луиза. Алберто е невработен новинар кој многу одамна напишал бестселер и оттогаш има креативна блокада. Луиза сака да биде модна креаторка, но наместо тоа има училиште за шивачки и, дополнително, има опсесија да има уште едно дете. Тие двајцата го напуштиле градот и живеат на село. Сето тоа е доволно за брачна криза. Зчин на приказната се разведениот брат на Алберто што ја живее втората младост со 20 години помлада девојка; сестрата на Луиза која нема момче, а очајно го бара; мајката на Луиза која неодамна се разделила од својот парнер и започнува нов живот во новиот огромен стан… Смешно и романтично, во рацете на вистински автор(и) секогаш е добитна комбинација.

Музички перформанси

На 18ти Мај со почеток од 12 часот ќе има изведба на позната филмска музика претставена преку стилски танци.

Детски едукативни работилници

На 19 и 20 Мај од 12 до 14 часот детски едукативни работилници на тема: макети од значајните места во Шпанија Барселона (Црквата Саграда Фамилија, ремек делата на Гауди, Стадионот Ноу Камп на ФБ Барселона, паркот на Гауди и замокот Трите Змеја).

Одлични промоции

Понуда на производи од маркетот Рамстор во Рамстор мол на производи кои што асоцираат на Шпанија: сезонско овошје, риба, морски плодови и вина.

За време на деновите на Шпанија поставена ќе биде и мала изложба на автентични фотографии од Кралството на Шпанија кои што ќе бидат поставени на првиот кат во Рамстор мол.

Во продолжение неколку совети што задолжително мора да посетите кога сте во Барселона:

  1. Готската катедрала Саграда Фамилија.
  2. Шетајте низ Ла Рамбла.
  3. Casa Mila и Casa Battlo исто така дела на Гауди.
  4. Еден ден уживајте на плажата Барселонета која во 2005 година е прогласена за трета најдобра плажа на светот.
  5. Не пропуштајте да се искачите до Парк Гуел.
  6. Музејот на Пикасо.
  7. Јадете тапас некаде во центарот на градот.
  8. Уживајте пешачејќи низ осветлените делови.
  9. Магичните фонтани навечер.

Пазари и патувај во Барселона со Рамстор мол, центар во центар.

barcelona