Инстаграм фото конкурс за најдобра европска фотографија

Започнува фото конкурсот на Рамстор мол за избор на најдобра направена европска фотографија.

Во периодот од 23.04 до 20.05, како дел од наградата игра „Запознај ја Европа со Рамстор мол“, учествувајте во нашиот предизвик на Инстаграм и освојте вредни подароци!

Се што треба да направите е следното:

  1. Да објавите (или веќе објавена) фотографија направена во некои од европските градови.
  2. Да ја означите со хаштагот #ЗапознајЈаЕвропа.

Со комплетирање на овие два лесни чекори станувате потенцијален добитник на следните подароци:

  1. Фотоапарат Nikon B500
  2. Фотоапарат Nikon A300
  3. Manfortto ранец
  4. SanDisk мемориска картичка од 64 GB
  5. Selfie stick

Од споделените фотографии нашето Инстаграм жири ќе избере топ 30 фотографии кои што ќе бидат изложени во трговскиот центар Рамстор и посетителите ќе можат да гласаат за нивната омилена европска фотографија. Гласањето за најдобра фотографија ќе биде на гласачко ливче кое што ќе можете да го подигнете од официјалниот пулт за наградата игра лоциран во Рамстор мол.

Изложбата ќе трае од 24.05 до 07.06, додека пак на 08ми Јуни ќе ги прогласиме најдобрите 5 европски фотографии.

Ве предизвикуваме да ја објавите најдобрата Инстаграм фотографија со хаштагот #ЗапознајЈаЕвропа и да освоите вредни подароци.

Фото конкурсот е поддржан од Никон Македонија.

 

Zapoznaj ja evropa web slider 23.04.2018