Извлечен добитникот од наградната игра „Пазари, греби, добиј!“

Новогодишната наградна игра „Пазари, греби, добиј!“ на Рамстор мол и официјално заврши.

Истата започна на 24-ти ноември и траеше до 15-ти јануари. 53 дена посетители на Рамстор мол ја имаа можноста да добијат некој од 110-те кујнски апарати и таблети.

Главната награда на „Пазари, Греби, Добиј!“ беше најновиот Citroen C3 Aircross. Над 30.000 недобитни грепки влегоа во конечното извлекување кое се одржа денес, 16.01.2018.

Среќниот добитник на уникатниот автомобил е Моника Стефановска од Скопје.

Рамстор мол продолжува со традицијата секојдневно да ги изненадува и редовно да ја наградува лојалноста на своите посетители и потрошувачи.

Brendiranje kola POD Mock up