Конечно школо!

Ве чекаме сите во Рамстор Мол за еден поубав почеток на новата учебна година

Започнете го првиот училишен ден со многу изненадувања и подароци во Рамстор Мол

Ве чекаме сите на плоштад Македонија на 02 септември во 17 часот и заедно со Ивце Пивце да маршираме до голем број на подароци во Рамстор Мол

 

Крајот на летниот распуст е пред нас, а тоа значи КОНЕЧНО ШКОЛОООО. Тоа значи дека е време да сте подготвни за првиот училишен ден. Токму затоа Рамстор Мол како и секоја година почнувајќи од  утре  па се до 13 септември подготви голем број на попусти и изненадувања  за што поуспешен старт на новата учебна година.

Во овие денови кои следат, во Рамстор Мол ќе можете да уживате во големата шопинг понуда и ќе можете да најдете специјални колекции по намалени цени, огромен избор на училишен прибор, книги и буквално сѐ што ви е потребно за да ја започнете оваa учебна година успешно.

После летниот распуст, враќањето на старите навики, домашните задачи, лектири, станувањето рано знае да претставува вистинска потешкотија. Затоа Рамстор Мол ќе се потруди оваа учебна година да ја започнете што полесно. Организираме голем број на акции, попусти, промоции и подароци за сите вас кои во наредниот период ќе дојдете во Рамстор Мол.

Она што е најважно да го зампомните, е дека на 02 септември во 17 часот на плоштад Македонија ве чекаме сите вас, заедно со Ивце Пивце, жонглери, пантомимичари, магионичари и децaта од Брејк а лег, да маршираме преку улица Македонија.  Забавата продолжува во 18 часот во Рамстор Мол каде што ќе ве чекаат голем број на изненадувања, а за првите 100 деца  ќе се доделат вредносни ваучери.

Се гледаме сите заедно за еден поубав почеток на новата учебна година.