Новогодишна викенд програма во Рамстор Мол од 24.12 до 26.12.2021

Овој викенд Рамстор Мол приредува програма богата со многу забава и дружење.

Од 24.12 до 26.12 во Трговскиот Центар Рамстор Мол ве очекува богата забавна програма за сите генерации.

Забавата ќе започне во петок, на 24.12, со музичкиот настан на Пламенка Трајковска – Гудачко трио со почеток од 17 часот. Во текот на овој ден ќе имате можност да бидете дел и од настапот на децата од здружението „Доза Среќа“ и ДУ за деца и младинци „Димитар Влахов“ со оштетен вид како и забавната жонглерска претстава.

Во сабота точно на пладне свој настап ќе имаат Златно Славејче, а по самото завршување забавата продолжува со настапот на танцовата група Eat the beat. Како дел од програмата за овој ден повторно ќе имате можност да бидете дел од жонглерската претстава надополнета со пантомима. На огромна радост на сите дечиња во Рамстор Мол, оваа сабота ги очекува и забавно дужење со Дедо Мраз.

За последниот ден од овој настан, на 26.12 забавата започнува со настапот на Поточиња со почеток во 12 часот, кој ќе заврши со уште едно забавно дружење со Дедо Мраз. Во 14 часот ќе имате можност да бидете дел од жонглерската претстава проследена со пантомима, која ќе продолжи со забавен настап со танцовата група Eat the beat. Програмата ќе се заокружи со изненадувањата кои ќе ви ги приреди магионичарот.

Ве очекуваме на забава во Рамстор Мол!