Шопинг треската може да започне!
Од 05-ти до 10-ти Февруари по 10-ти јубилеен пат ќе се одржи познатиот Гараж сејл на Рамстор мол.
Веќе добро познатата шопинг манија и овој пат, како и до сега, оди под мотото ПРАВИМЕ ЧИСТКА, ВАДИМЕ СЕ НАДВОР!
Посетителите, како и во текот на изминатите години ги очекуваат огромни попусти и до 70%, како и акции и изненадувања од сите продажни објекти во трговскиот. Kaко и секогаш, на настанот се придружува и Рамстор маркетот лоциран во трговскиот центар, кој исто така за своите купувачи предвиде бројни промоции и намалувања.
За сите оние кои уживаат во шопингот, Гараж сејл на Рамстор мол е одлична можност да го обноват својот гардеробер, да купат подароци за најблиските или да го купат омиленото нешто кое го посакувале цела сезона и тоа со попуст и до 70%.
Минатите девет настани се покажаа како многу успешни со посетеност од преку 150.000 задоволни купувачи. Дали Рамстор Мол и овојпат ќе ги сруши рекордите?
За да се уверите, бидете дел од од 10-тиот јубилеен Гараж сејл и уживајте во пазарувањето по цени какви што нема на ниедно друго место во градот!