ПРЕДМЕТ:
Официјални правила на Наградната игра “Пазари,греби,добиј“
Член 1
ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Официјално име на Наградната игра е “Пазари, греби,добиј“
Организатор на наградната игра: Рамстор Македонија ДОО, со седиште на Ул. Св. Кирил и Методиј бр.13, Скопје (во понатамошниот текст Организатор).
Член 2
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Наградната игра ќе се одржи во период од 24.11.2017 – 15.01.2018
Член 3
ЦЕЛ НА НАГРАДНАТА ИГРА / ОРГАНИЗАТОР
Целта на оваа наградна игра е рекламирање на услугите на организаторот.
Член 4
ОПИС НА НАГРАДНАТА ИГРА
Член 4.1
Територија на наградната игра
Наградната игра ќе се спроведува во трговскиот центар Рамстор, лоциран на улица Св. Кирил и Методиј број 13, Скопје.
Член 4.2
ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Наградната игра “Пазари,греби,добиј“започнува на 24.11.2018 во 08:00 часот и завршува на 15.01.2018 година во 22:00 часот.
- Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни купувачи чии фискални сметки имаат вредност од 1000 денари и повеќе.
- Времетраењето на наградната игра е од 211.2017 година до 15.01.2018 година. Во наградната игра ќе учествуваат фискалните сметки издадени во периодот 24.11.2017 до 15.01.2018 – од 08:00 до 22:00 часот.
- Доколку постојат фискални сметки направени точно до 22:00 часот на 15.01.2018, истите ќе се земат во предвид и ќе имаат право на учество доколку се пријават најдоцна до следниот ден до 12:00 на означениот официјален пулт лоциран во трговскиот центар Рамсторе каде што ќе бидат давани наградни грепки за учество во наградната игра.
- Извлекување на наградите ќе се одржи на 01.2018 година, вторник во 12:00 часот во ТЦ Рамстор Мол , а ќе биде контролирано од комисија составена од еден претставник од Рамсторе и нотар.
- Еднаш искористена фискална сметка, не може повторно да учествува во наградната игра.
- Фондот на награди за наведениот период е ограничен и се состои во доделување на: 1 (една) главна награда – автомобил Citroen C3 aircross, 100 електрични апарати за домаќинство и 10 таблети.
- Секој учесник во наградната игра, со самото учество се согласува дека доколку биде извлечен како добитник на една од наградите неговото име и презиме може да биде објавено на официјалните Веб страни на Рамсторе Македонија.
- Наградите можат да се подигнат веднаш, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на извлекувањето, во административните простории на Рамсторе Македонија на ул. Св.Кирил и Методиј бр.13,Скопје.
- Добиената награда, неможе да се замени со друг/а и не постои никаков друг вид на надоместок.
- Учесниците однапред се согласни со правилата на наградната игра.
- Сите вработени во Рамстор Македонија ДОО и вработените во продавниците на трговскиот центар Рамстор, како и членовите на нивните потесни семејства не можат да учествуваат во наградната игра.
- Во случај на неправилност и не придржување до пропишаните правила, организаторот Рамстор Македонија го задржува правото да го дискфалификува учесникот.
- Начин на учество во наградната игра:
Чекор 1
Да приложи фискална сметка со износ еднаков или повисок од 1000 денари направени во било која продавница на трговскиот центар Рамсторе на означениот официјален пулт при што добива една наградна грепка. Постојат два вида на наградни грепки добитни и недобитни грепки. Доколку наградната грепка е добитна потрошувачот може да добие награда, еден од 100 електрични апарати или таблет. Доколку наградната грепка е недобитна, потрошувачот треба да ја пополни со следниве лични податоци:Име и презиме, адреса и контакт телефон и уфрлена во посебно означена и ставена на видно место кутија во трговскиот центар Рамстор.
Појаснување:
- За сметка од над 1000 денари, купувачот добива само една наградена грепка.
- За секои дополнителни 1000 денари, односно доколку фискалната сметка изнесува 2000 или 10.000 денари не се добива дополнителена наградна грепка.
Чекор 2
По извршена верификација на фискалната сметка/и, одговорното лице доделува наградна грепка.
Чекор 3
Потрошувачот од како ќе ја добие наградната грепка, по утврдување од негова страна дали истата е добитна или недобитна. Лицето, учесник во наградата игра ќе треба заедно со фискланата сметка да си ја подигне наградата во рок од 30 дена од административните простории на трговскиот центар Рамсторе. Доколку наградната грепка е недобитна потребно ќе треба да ги пополни сите податоци во наградната грепка, истата да ја уфрли во кутијата најдоцна до 15.01.2018 до 22:00 часот по што кутијата ќе биде затворена, и да ги чува фискалните сметки наведени во наградниот купон се до завршување на извлекувањето.
По затворањето на кутиите поставени во трговскиот центар Рамсторе, по што сите наградни грепки ќе бидат префрлени во еден голем сад од каде ќе се изврши извлекувањето во Трговскиот центар Рамсторе мол.
Чекор 4
На ден 16.01.2018 во 12:00 часот во Рамстор Мол, лоциран на ул. Св. Кирил и Методиј бр.13, Скопје, ќе се изврши јавно извлекување на наградите во присуство на два члена комисија составена од нотар и еден претставник од Рамсторе Македонија.
Извлекувањето ќе се врши рачно од страна на една или две хостеси.
Член 4.3
Начин на доделување на наградите
- Извлекувањето ќе биде јавно.
- Извлекувањето на главната награда возило ќе се изврши на 01.2018 во 12:00 часот.
- Дополнително ќе бидат извлечени уште 5 потенцијални добитници кои ќе бидат заведени во посебна листа за дополнителни потенцијални добитници.
- Доколку некој од добитниците биде присутен на јавното извлекување, подигнувањето на наградата може да ги изврши веднаш по проверка на веродостојноста на податоците
- Секој од добитниците на електричните апарати или таблети, добиената награда ќе може да ја подигне во рок од 30 дена од денот на извлекувањето, во административните простории на трговскиот центар Рамсторе на ул. Св.Кирил и Методиј бр.13,Скопје.
- После истекот на предвидениот рок, Организаторот нема никаква одговорност околу наградите.
- Добитникот на наградата при подигање на наградите треба да приложи валиден документ за идентификација и да ги покаже фискалните сметки наведени во наградниот купон. Доколку при идентификација на добитникот се утврди дека не ги исполнува условите за учество во наградната игра согласно наведените правила, организаторот го има правото да ја заддржи наградата, односно да не ја додели на поторшувачот. Доколку се работи за главната награда автомобил, при негова идентификација се утврдат нерегуларности наградата ќе биде доделена на следниот добитник кој е на посебната листа на дополнителни потенцијални добитници.
- Доколку добитникот и сите дополнителни потенцијални добитници го изгубат правото на наградата, истата се смета дека не е подигната и останува во сопственост и располагање на Организаторот.
- Доделувањето ќе се врши со лично предавање на главната награда и останатите споредни награди во административните просториите на трговскиот центар Рамсторе. Објавување на слика или лик на добитниците содржани во фотографии, аудио и видео записи или учество на јавни настапи за цели на рекламирање на Организаторот во врска со наградната игра,ќе биде предмет на дополнителна согласност на добитниците, за што добитниците немаат право на дополнителен надомест.
- Рамсторе ќе го плати персоналниот данок на добитникот.
Добитникот може да ја пренесе наградата доколку не е во можност истата да ја искористи само на членовите на потесното семејство со заверена изјава врз основа на која наведува на кое лице го пренесува правото на користење на наградата.
Како членови на потесното семејство се сметаат: родители, брат или сестра, деца и брачен другар.
- Списокот на добитници ќе биде објавен на официјалната веб страна на Рамсторе Мол Македонија ramstoremall.com.mk, веднаш по завршување на извлекувањето.
Член 4.4
Одговорност
- Целокупниот награден фонд ќе биде обезбеден од организаторот.
- Организаторот ќе биде одговорен до моментот на подигнување на наградите од страна на добитниците.
- Со плаќање на персоналниот данок и преземањето на наградите, престануваат понатамошните обврски на Организаторот на наградната игра спрема добитниците.
- Организаторот нема никаква одговорност која може да произлезе од користење на наградите , како и плаќање по основ на штети или тужби кои на некаков начин се поврзани со користење на наградите.
Член 5
ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Право на учество во наградната игра има секое полнолетно физичко лице (со наполнети 18 години),освен лицата кои се вработени кај Организаторот Рамсторе Македонија ДОО, вработените од трговскиот центар Рамстор и членовите на нивните потесни семејства (родители и деца, брат, сестра, сопруг или сопруга).
Член 6
ИЗВЕСТУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИТЕ ЗА ОФИЦИЈАЛНИТЕ ПРАВИЛА
Официјалните правила на наградната игра по добивањето согласност од Министерството за финансии пред започнување на наградната игра, ќе бидат објавени на web страната на Организаторот www.ramstoremall.com.mk, како и на информативниот пулт во трговскиот центар Рамсторе.
Учесниците во Наградната игра, за Официјалните правила на играта ќе можат да се информираат преку информативно–рекламните материјали кои ќе бидат поставени на видни места во трговскиот центар Рамстор, печатени и електронски медиуми (радиа, портали, банери, постери, флаери и сл).
Член 7
НАГРАДЕН ФОНД
Член 7.1
Награди од наградната игра
Наградниот фонд се состои од :
*Организаторот не сноси одговорност за исправноста на автомобилот како и гаранција на истиот паѓа на товар на добавувачот Автонова Скопје, со седиште на ул.Скупи бр.8 , Скопје. Гаранцијата за електричните апарати паѓа на товар на добавувачот Агротехна со седиште на ул. Мито Хаџивасилев Јасмин ББ, Скопје. Гаранцијата за таблети паѓа на товар на добавувачот Анхоч со седиште на ул. Водњанска бр.27, Скопје.
Член 8
ДАНОЧНИ ОБВРСКИ ЗА ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДИТЕ
Даночните обврски за добитниците на награда ги плаќа Oрганизаторот на Наградната игра во име и за сметка на добитникот.
Член 9
СПОРОВИ КОИ БИ МОЖЕЛЕ ДА НАСТАНАТ ВО ТЕКОТ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Во текот на Наградната игра може да дојде до спор помеѓу Организаторот и учесниците во Наградната игра. Спор може да настане во случај ако некоја од наведените страни не се придржува кон Официјалните правила на Наградната игра кои се погоре образложени.
Во случај на било каков спор меѓу Организаторот и Учесниците во наградната игра, таквиот спор ќе биде решен на мирољубива основа.
Член 10
РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРИГОВОР
Секој учесник има право на приговор во рок од 8 дена од денот на завршувањето на наградната игра
Организаторот на Наградната игра ќе одговори на приговорот во рок од 5 дена од денот на приемот на истиот.