Правила за учество во подарување на фудбалска топка

Рамстор мол, Адидас и ФФМ подаруваат фудбалска топка потпишана од фудбалерите на македонската репрезентација по
повод Недела на таткото во Рамстор мол

За најлајкуваната  заедничка фудбалска фотографија со вашето дете имате можност да  добиете фудбалска топка потпишана од фудбалерите на македонската репрезентација.

Драги татковци, се што треба да направите е на 14ти и 15ти јуни да ни испратите заедничка фудбалска фотографија со вашето дете во приватна порака преку Инбокс сандачето на нашата Фејсбук страна заедно со пополнета и потпишана согласност за учество од родител/ старател (Согласност)

Право на учество ќе имаат оние татковци/старатели кои ќе испратат заедничка фотографија со нивното дете, на која содржината ќе биде поврзана со фудбалот како спортска активност.

На 14ти и 15ти јуни се праќаат фотографии  од страна на родителите/старателите во инбокс сандачето на нашата фејсбук страна.

На 16ти јуни ќе објавиме албум од сите испратени фотографии од страна на родителите/старателите

До 18 ти јуни до 12 часот албумот со фотографии ќе и биде достапен на пошироката јавност за лајкување.

На 18ти јуни во 12: 30 часот ќе биде објавена фотографијата со најмногу собрани лајкови која ќе биде добитник на фудбалската топка.

podaruvanje-topka

 

* Фотографиите пратени од детски фејсбук профили нема да бидат објавени.

* Оние фотографии кои ќе имаат генерирано лајкови од платени профили за генерирање на лајкови, ќе бидат дисквалификувани.