ЗАПОЧНУВА НАЈГОЛЕМАТА ПРЕДНОВОГОДИШНА РАСПРОДЖБА ДО 00:00 ЧАСОТ

Polnokjen-Shoping-Fb-Ad
Овој викенд Ramstore Mall ве поканува да бидете дел од предновогодишното лудило и најголемата распродажба до сега. Во петок (11.12.2015) купувајте од вашите омилени брендови по многу ниски цени и тоа до полноќ (00:00 часот).

Неверојатен новогодишен шопинг, надополнет со најголемата латино флеш моб забава со извонредни танчери со почеток во 20:00 часот и многу подароци кои ќе се доделуваат од 22:00 до 00:00 часот за сите посетители кои ќе направат сметка над 1500 денари.Освен најголемата распродажба, преку целиот викенд се предвидени активности кои ќе ја направат атмосферата магична, еуфорична и привлечна за сите посетители.

Погледнете ја продажната изложба на ракотворби на новогодишниот базар, додека вашите најмали се забавуваат со Дедо Мраз. На репертоарот на Ramstore Mall за овој викенд се најдоа и театарски новогодишни претстави за деца и млади, многу музика и танцување. Ramstorе Mall секогаш се грижи на своите купувачи да им обезбеди позитивна празнична атмосфера.