Политика за човекови права и еднакви можности

1.Цел 

Кадарот на Рамсторе Македонија ДОО во сите свои подружници во Македонија вклучува луѓе кои говорат различни јазици, припаѓаат на различни религии и етникуми. Во оваа насок, темите за „човекови права„ и „еднакви можности„ се помеѓу главните политики во пристапот за управување со човечките ресурси на Рамсторе. Ние како Рамсторе ги почитуваме човековите права и работиме проактивно кон идентификување и спречување на било какви негативни влијанија врз човековите права кои можат да произлезат од нашето работење.

2.Еднакви можности

Рамсторе е посветен на Универзалната декларација за човекови права на ОН призната на меѓународно ниво и стандардите на Меѓународната организација на трудот (МОТ) и ги следи сите релевантни активности.

Во сите наши процеси на човечки ресурси, од вработувањето до висината на платите, не постои дискриминација врз основа на возраст, пол, раса, религија, јазик, етничко потекло, сексуална определба, верување, брачна состојба, социјален или економски статус, инвалидитет, бременост или статус на воен рок.

Интегрираниот систем за човечки ресурси на Рамсторе ги мери и следи способностите, вештините и успешноста на нашите вработени во однос на општи и објективни критериуми во рамки на начелото за еднаквост. Ние, како Рамсторе, обезбедуваме еднаков пристап кон можноста за следење обуки, унапредување, развој во кариерата и можности за плата за сите вработени врз основа на објективни резултати од евалуација.

Ние го поддржуваме учеството на жените во професионалниот живот и бројот на женскиот персонал и раководни лица во компанијата. Ние работиме во согласност со законите за вработување на лица со инвалидитет и попреченост во развојот.

3. Колективен договор и формирање синдикати

Рамсторе има работна средина која ги почитува правата за здружување во синдикати од страна на вработените. Ние го поддржуваме почитувањето на Колективниот договор во приватниот сектор. Ние ги спроведовме барањата кои произлегуваат од овој договор во врска со различни надоместоци кои им следуваат на вработените по разни основи и го почитувме зголемувањето на бројот на денови платен годишен одмор над законскиот минимум по принципот еден ден за секои три години работа во Рамсторе.

4.Принудна работа

Не дозволуваме нашите вработени да бидат принудени да работат против нивна волја. Ниту еден од нашите вработени не е под притисок поради било која причина и целиот наш персонал е вработен под еднакви услови, по своја волја на позиции кои се соодветни за нив.

5. Детски труд

Рамсторе ги бира своите вработени врз основа на релевантни процедури и начела. Користењето на детскиот труд никогаш не било дозволено во нашите продавници, нашата централа и нашите регионлни дирекции.

6. Спречување на малтретирање и злоупотреба 

Ние ги третираме нашите вработени со почит и достоинство и никогаш не дозволуваме нашите вработени да бидат малтретирани. Не дозволуваме нашите вработени да бидат изложени на било каква вербална и физичка злоупотреба.

7.Работно време, плати и бенефиции 

Ние управуваме со целокупниот пакет на примања на вработените врз основа на резултатите од евалуацијата на нивното работење и водиме сметка пакетот на надоместоци да биде  конкурентен преку истакнување и наградување на успешноста во однос на пакетите за наградување кои се нудат од другите водечки компании во Македонија. Ние ги спроведуваме нашите операции во согласност со важечките закони кои се однесуваат на платите, работното време, прекувремената работа и посебните бенефиции. Ние спроведуваме студии за намалување на прекувремената работа на нашите вработени и им даваме поддршка за одржување рамнотежата помеѓу работата и животот.

8. Здравје и безбедност при работа 

Рамсторе има спроведено Систем за управување со здравје и безбедност при работа за секоја работна позиција. Ние им обезбедуваме безбедна и здрава работна средина на нашите вработени и работиме во согласност со важечките закони и прописи за здравје и безбедност и со критериумите предвидени од страна на нашата компанија. Постојано работиме во насока на подобрување на здравствените и безбедносните услови на нашите работни места, вклучувајќи идентификување на опасности и изнаоѓање решенија за проблемите кои се однесуваат на здравјето и безбедноста.