Волшебно велигденско дрво во Рамстор Мол

Рамстор Мол во соработка со ЈУ Центар за социјална работа, Црвен Крст на град Скопје и Комерцијална банка трета година по ред ја организираат хуманитарната акција која го носи името “Волшебно велигденско дрво”. Хуманитарната акција е наменета за дневниот центар за лица со церебрална парализа во Скопје. Во рамки на проектот кој започна од 12.03.2018, посетителите на трговскиот центар Рамстор, хуманите граѓани, општествено одговорните компании добиваат можност да бидат хумани и да исполнат една велигденска желба на децата и младинци кои го посетуваат дневниот центар. Имено, 50 деца редовни посетители на дневниот центар за лица со церебрална парализа во Скопје во населбата Капиштец, ги запишаа своите велигенски желби кои во моментот се поставени на волшебното велигденско дрво во трговскиот центар. Секој кој сака да се вклучи во акцијата може да го посети Рамстор мол и да одбере која желба ќе сака да ја исполни. Подарокот може да се достави на инфо пултот од маркетот во склоп на трговскиот центар Рамстор.

Претставниците на Рамстор Мол и останатите вклучени институции ги повикуваат сите граѓани и општествено одговорни компании да се вклучат во оваа акција, заедно да ги исполниме желбите на овие дечиња и младинци. Сите заедно да ја поддигнеме свеста за надминување на предрасудите и стереотипите за лицата со пречки во развојот.

Кампањата ќе трае се до 04ти Април 2018 година.

volshebno veligdensko drvo fb post