Чувствувањето одлично во сопствената кожа е нешто што секоја дама го заслужува, па токму затоа на скопската сцена настапува Yamamay – брендот којшто ги остварува желбите на сите дами!
Во вистински момент кога изборот за долна облека во градот е навистина мал, италијанскиот моден бренд Yamamay конечно ни пристигнува во Скопје. Неговата приказна започнува во 2001-та година, кога сопственикот го воочува потенцијалот на бизнисот со женска долна облека, за денес да стане еден од водечките брендови во светот.
Цврсто придржувајќи се кон својата мисија и визија – да се навлезе во срцето на секоја жена – брендот денес брои над 500 продажни салони низ светот, а како што и претходно споменавме набрзо на листата ќе се најде и во нашиот трговски центар Рамстор.
Секоја колекција е креирана внимателно, со посебно внимание кон секој дизајн, со цел секоја жена да се чувствува прекрасно, заводливо и среќно во сопствената кожа – што веројатно е и нивната формула за успех.
Колекцијата зима 2016 преставена од единствената Наоми Кембел ги долувува и истакнува природната убавина и сензуалноста на секоја жена.
Yamamay наскоро во нашиот трговски центар.