Заедно го одбележуваме Светскиот ден на животните

Во светот денес, 4 октомври се празнува Светскиот ден на заштита на животните. По тој повод Рамстор мoл, како и секоја година на овој ден организира низа на активности за соодветно одбележување на овој ден.
Имено од денес започнува еден интересен конкурс за избор на најубаво милениче на Facebook и Instagram. Од трговскиот ги повикуваат сите фанови на социјалните мрежи на Рамстор мол да прикачат фотографија од нивното милениче, во коментар на претходно објавен пост од Рамстор. Фотографиите со најголем број на реакции ќе добијат вреден подарок, односно по 3 ваучери во износ од 3000, 2000 и 1000 денари кои што ќе можат да ги искористат во продавницата на Тина Вет Royal Canin, омилената продавница за сите миленичиња лоцирана во Рамстор мол. Покрај оваа активност за денес од трговскиот најавуваат и промоции на производите наменети за животни достапни во рамки на маркетот во Рамстор мол.

Светскиот ден на животните е можност за секој од нас да направи нешто добро за животните од својата околина, приклучете се во предизвикот на Рамстор и добијте вреден подарок за вашето милениче.
ramstor milenicinja web slider