Еко Маскенбал во Рамстор Мол
Пристигнува најзабавниот Еко Маскенбал во градот
Дали сте подготвени?
Пристигнува најзабавниот ЕКО Маскенбал во градот!
На огромно задоволство на сите дечиња, Рамстор Мол во соработка со Шпаркасе Банка и Пакомак, традиционално и оваа година го организираат најзабавниот Еко Маскенбал!
ЕКО Маскенбалот оваа година ќе се одржи на 1 април во 17 часот во просториите на Рамстор Мол каде сите заедно ќе се забавуваме!
Сите дечиња кои се заинтересирани ќе можат да земат учество во ЕKO Маскенбалот со изработка на ЕКО маска, која треба да биде едукативна, креативнa и воедно да биде изработена од материјали коишто може да се рециклираат, односно да биде изработена од пластика, најлон, хартија и слично.
Сите заинтересирани може да го пријават своето учество на инфо пултот на маркетот во Рамстор Мол најдоцна до 31.03.2023, или најдоцна половина час пред почетокот на настанот на 1 април на самото место на одржување на настанот.
Трите најкреативни маски ќе добијат награди – штедни влогови од Шпаркасе Банка. За прво место ќе добијат штеден влог од 7.000 денари, за второ место – штеден влог од 5000 денари и за трето место – штеден влог од 3.000 денари.
Разбудете ја креативноста на вашите најмили, подигнете ја еколошката свест, забавувајте се при изработката на маските, бидете наградени за вашата креативност и иновативност и дојдете на незаборавно дружење на 1 април во Рамстор Мол!