Овој месец ја бараме совршената и најиспиративната жена во вашиот живот која ќе добие 7 дневно all inclusive патување за двајца со авион во Коста Брава, Шпанија.
Сите имаме по една жена (сестра, мајка, баба, тетка, пријателка) – инспирација. Жена која не водела низ животот, која ни ги дала највредните совети, која ни помогнала кога ни било најтешко и која со искрена насмевка се радувала на сите наши успеси. Доколку имате некоја ваква личност во вашиот живот, сега можете и јавно да и се заблагодарите и да ја номинирате за патување во Шпанија.
Правила на натпреварот:
- Натпреварот “Совршена жена“ ќе се одвива во периодот од 01.03.2016 до 20.03.2016 година. Победникот од натпреварот ќе се избере на 26.03.2016 година
- Право на учество во натпреварот има секое полнолетно физичко лице (со наполнети 18 години), освен лицата кои се вработени кај oрганизаторот Рамстор Македонија ДОО и членовите на нивните потесни семејства (родители и деца, брат, сестра, или сопруга), како и вработени во локалите кои се издадени под наем од страна организаторот.
- Секој учесник во кампањата мора да поседува важечки патни исправи, со што нивната важност треба да биде до крајот на декември 2016, т.е. 6 месеци од последниот ден на престојот во Коста Брава, Шпанија.
- Добиениот подарок не може да се замени со друг и не постои друг вид на надоместок.
- Добиениот подарок не може да се отстапи на друг.
- Рамстор Македонија ДОО го задржува правото да ја прекине кампањата од објективни причини.
- Рамстор Македонија ДОО го задржува правото да направи промена на наведениот подарок со друг компатибилен подарок.
- Учесниците однапред се согласни на правилата на кампањата.
- Во случај на неправилност и не придржување до пропишаните правила, организаторот Рамстор Македонија го задржува правото да го дискфалификува учесникот.
Начин на учество во кампањата:
- Пријавувањето на учесничките ќе се врши преку Фејсбук апликација и на Инфо пултот во трговскиот центар
- Секоја од финалистките ќе учествува во краток видео запис во текот на натпреварот.
- Најинспиративните 10 описи ќе бидат избрани од жири составено од претставници на Рамстор, а победничката ќе биде избрана со гласови од 10-те финалистки.
- Финалистките ќе бидат и учеснички во модната ревија пролет – лето на брендови од Ramstore mall, а стилизирани од македонските модни блогерки
- Главниот подарок е all inclusive патување за двајца со авион во Коста Брава, Шпанија.
Податоците кои ги споделувате за да учествувате ќе бидат искористени само за целите на натпреварот и нема да бидат злоупотребувани, препродавани и искористувани на било кој друг начин освен за целта за која се првично наменети.