Во среда (31 јули) Comodita Home ја отвора деветата продавница во Македонија во Рамстор Мол во Скопје. Големото отворање е закажано за 12 часот кога Comodita Home ќе ги отвори вратите за сите свои потрошувачи со големи изненадувања, подароци и попусти до 70% на целиот асортиман производи.
Потрошувачите ќе може да набават душеци Comodita со атрактивни цени почнувајќи од 4.799 денари. За оние што сакаат да ја освежат спалната соба ќе има попуст до 70% на производи како што се јоргани, перници, сет чаршафи, сет прекривачи за кревет, сет бањарки или ќебиња од најразличните модели. Но, нема да биде запоставена ни кујната која може да се докомплетира со производите од широкиот асортиман што го нуди Comodita Home со попуст. Новата колекција на додатоци ќе го осветли и разубави секое катче од домот.
За уште поголемо задоволство на своите потрошувачи, посебно за оние кои сакаат да го заменат својот стар душек со нов, Comodita Home ја креираше најдобрата понуда на пазарот. За вашиот стар душек ќе бидете наградени со 50 ЕУР кои може да ги искористите за купување на нов душек Comodita Memory кој е на 50% попуст. И тоа не е се, транспортот се врши од страна на Comodita Home. Доаѓаме по стариот душек и ви го доставуваме новиот.
Со секоја сметка над 1000 денари во Comodita Home во Рамстор Мол потрошувачите ќе ги очекува подарок на каса.
Дојдете на 31 јули во 12 часот и откријте ги сите изненадувања, понуди и попусти на големото отворање на продавницата на Comodita Home во Рамстор Мол.