Изминатиот викенд трговскиот центар Рамстор се претвори во ткн. „ Женски свет“. По повод 8ми март, Интернационалниот ден на жената,
Рамстор ги разубавуваше и создаваше насмевки кај сите жени. Се организираа повеќе активности. Во неделата, 8ми март секоја припадничка на понежниот пол која го посети трговскиот центар можеше да одбере бесплатна фризура, шминка или декорација на нокти, како подарок од трговскиот центар за денот на жената.
По разубавувањето, својата индивидуалност може да ја нагласи со уникатно парче накит од штандовите на креативните дизајнери. Освен за понежниот пол активности имаше за сите лојални потрошувачи. Посетителите имаа можност да ги искажуваат своите емоции, преку специјална табла за мисли да пренесат порака за нивната посебна жена. „ Супер жена е мојата … “ Фотографиите од целиот настан се објавени на нашата фан страна на Фејсбук. Целиот настан беше збогатен со музички настап на Ламбе Алабакоски.