Започнувајќи од 01ви март па се до 26ти март ќе се празнува суштинското значење на светкиот празник на жената преку најразлични активности. Припадничките на понежниот пол ќе имаат можност да се вклучат во големата кампања „Совршена жена“ која ќе биде активна во текот на целиот месец. Имено, најинспиративната жена во вашиот живот ќе има можност да добие подарок 7 дневно all inclusive патување за двајца со авион во Коста Брава, Шпанија. Овој викенд, 04/05/06 март на приземјето на Рамстор мол ќе се организира мартовски базар на ракотворби, каде што сите посетели ќе можат да си изберат совршениот подарок за совршените жени. Истиот викенд во периодот од 12 до 20 часот на првиот кат, дамите ќе можат бесплатно да се разубавуваат со професионална шминка и козметика. На 8ми март подготвивме многу изненадувања и подароци за сите дами. Во периодот од 12 до 18 часот со секоја сметка над 1000 денари направена во било која продавница во Рамстор мол, вклучувајќи го и маркетот, дамите ќе можат да си изберат еден подарок. Трговскиот центар Рамстор во периодот од 07ми до 13ти март ќе организира и многу хуманитарни акции и настани за прибирање на средства за најранливите категории во општестовто. Додека на 26ти март ќе се одржи дефиле на 10те најинспиративни жени во вашите животи, модна ревија пролет – лето 2016 со брендовите од Рамстор мол и уште многу други изненадувања. Заблагодарете и се на вашата совршена жена, Рамстор мол ќе се погрижи за тоа.
Март, месец на жената во Рамстор мол
Празнично одбележување на меѓународниот ден на жената во Рамстор мол. За понежниот пол подготвивме цел месец забава и подароци за едно необично празнување на жената. /p>