Рамстор Мол го најавува почетокот на најголемата распродажба во градот. Трговскиот центар веќе трета година по ред ја организира кампањата позната под името “Гараж Сејл “ која ќе започне на 20 август и ќе трае до 27 август.
Шопинг по неверојатно ниски цени, многу забава и пријатна атмосфера се причините поради кои трговскиот центар ќе биде вашата омилена дестинација во текот на целата недела. Сите посетители и љубители на шопингот ќе имаат можност да си ги набават сите омилени парчиња гардероба, чевли, накит на попуст дури до 70%. Покрај тоа, трговскиот центар обезбеди и голем број забавни активности кои ќе го направат купувањето уште попријатно.
Kaко и досега, во кампањата ќе учествува и маркетот лоциран во трговскиот центар, кој за сите потрошувачи предвиде големи акции и намалувања на голем број од своите производи. Шопингот добива нова димензија во Рамстор Мол. Искоритете ја оваа неверојатна можност и заштедете додека купувате. Правиме чистка, вадиме се надвор.