Следна маркетинг активност која ќе се организира во ТЦ Рамстор Мол, носи наслов “ Ramstore Mall Свири”.
Имено, започнувајќи од 2 мај саботите во трговскиот центар се резервирани за вистински концертни трески од кои дел ќе бидат улични музички изведувачи, а најголемо музичко случување на месецот ќе биде настапот во живо со бенд на Елена Ристеска кој ќе се одржи на 9 мај со почеток во 17 часот. Оваа програма е само дел од сите возбудливи денови и кампањи кои трговскиот центар ги подготвува за своите посетители во текот на летниот период. Ramstore Mall Свири – Секоја сабота од 17 часот.