10 работи што мора да ги набавите на Garage Sale

Најголемата шопинг манија во градот, Garage Sale само што започнa! Дали сте подготвени за нова луда авантура за потрага на производи по ниски цени до 70% попуст?

Ние ви предлагаме 10 работи што не смеете да пропуштите да ги купите на петтата акциска распродажба во трговскиот.

  1. Облека – никогаш доста од модните трендови и тенденции што налагаат стилски неодоливи комбинации.
  2. Обувки – едноставно не постои човек што може да изјави дека има доволен број на обувки. Се согласувате?
  3. Модни додатоци – чантите, марамите и накитот, едноставно секогаш се во тренд и ја освежуваат секоја модна комбинација.
  4. Книга – затоа што ваквата анти стрес терапија чини премалку, ако ги земеме предвид придобивките што ги нуди.
  5. Технологија – се ближи обновувањето на модерната технологија во вашиот дом.
  6. Играчка – ништо не може да ги израдува вашите малечки како нова играчка, а уште ако нуди и едукативна содржина, верувајте дека сте направиле вистински погодок.
  7. Козметика – време е за нови козметички производи што одамна ги посакувавте и кои ќе го освежат вашиот несесер.
  8. Декоративни елементи – внесете свежина во вашиот дом со стилски елементи за доопремување на домот или пак работната просторија.
  9. Изненадување за миленичето – вашето најдобро пријателче заслужува да биде најубавото милениче во околината. Купете му уникатен ремен и гордо парадирајте во Градскиот парк.
  10. Подарок – не чекајте повод, едноставно помислете на драга личност и спонтано изберете подарок со кој ќе знаете дека сигурно ќе и го разубавите денот.

Во продолжение дел од богатиот избор на производи и облека кои што можете да ги купите за време на акцијата Гараж сејл.

2viral_posts

30 minuti

30 minuti1

30 minuti2

letna kombinacija 1

Letna kombinacija

n2viral_posts

steadler

n22viral_posts

tudors

GS flaer ramstore

Побрзајте, акцијата трае до недела, 21ви август.