Разубавување, попусти, модна ревија, подароци ја сочинуваат богатата понуда на новата кампања на Рамстор Мол која започнува од 06ти и ќе трае се до Меѓународниот ден на жената 8-ми март. Во рамки на кампањата “Центар за сите нејзини желби” трговскиот центар во буквална смисла на зборот ќе ги разнежи припадничките на пoнежниот пол.
Овие три дена посетителите на трговскиот центар ќе имаат можност да купуваат во своите омилени продавници по намалени цени од 20% до 40% на женските колекции низ продавниците во Рамстор Мол. Во рамки на кампањата ќе се одржи и базар на рачни ракотворби, модна ревија на брендот НАНА во вторник (07.03) со почеток во 19.00 часот со водител на настанот Марјана Станојковска.
Дамите ќе имаат на располагање и посебен корнер за разубавување обезбеден од парфимеријата Еликсир, а ќе се одржи и натпревар за јунак жена преку кој три дами ќе добијат вредни подароци како што се: Летање со параглајдер, вечера во Дистрикт ресторанот и спа третман за двајца во хотел Мериот, како и козметички подароци од Еликсир.
Драги дами од 06 до 08 март дојдете во Рамстор мол заедно да прославиме еден поинаков 8 март во центарот за сите нејзини желби!