Трговскиот центар Рамстор и Мегле по повод Светскиот ден на млекото, организира интересен настан за промоција и дегустација на разновидни млечни производи, проследено со интересни натпревари, подароци и многу забава.
На 1 јуни (среда), со почеток од 12 часот во трговскиот центар најмалите посетители ќе имаат можност да се забавуваат, но и да добијат подароци. На овој ткн „Млечен натпревар“ сите дечиња ќе можат да се натпреваруваат во мини фудбалчиња и да освојат пакет млечни производи.
На овој начин, Рамстор мол заедно со Мегле ќе приредат забава и одлично дружење за одбележување на светскиот ден на млекото.