Повеќе од
шопинг
Ramstore Mall е простор за доживувања. Детска забава, гејминг, сезонски активности и викенд програми — секој ден е нов.
Kids Park
Kids Park е самоуслужна игротека - забавен и безбеден простор за игра на децата, наменет за деца во придружба на возрасно лице. Просторот е под постојан видео надзор, а пристапот до игралиштата се остварува преку систем на жетони, кои можат да се купат во продавницата Ramstore Home.
- Влез само со придружба на возрасно лице
- Пристап преку систем на жетони
- Видео надзор 24/7
- 1 жетон = 40 мкд · 4 жетони = 100 мкд · 10 жетони = 200 мкд
Пон–Саб: 10:00–22:00 · Нед/Празници: 10:00–20:00
Гејминг зона
Gaming зоната во Анхоч Discovery, место каде што гејмингот се доживува
Гејмингот одамна не е само игра. Тој е заедница, натпревар, технологија, адреналин и цело искуство што започнува уште пред првиот клик. Токму со таа идеја е создадена Gaming зоната во Анхоч Discovery, во Ramstore Mall — простор посветен на сите што сакаат да бидат поблиску до светот на гејмингот и најновата технологија.
Наместо производите само да ги гледаш на полица, тука можеш одблиску да го почувствуваш целиот gaming setup, да ги разгледаш различните решенија и полесно да откриеш што најмногу одговара на твојот стил на игра.
- Моќен хардвер и гејминг монитори
- Периферија, столици и додатоци за комплетен сетап
- Простор за инспирација, тестирање и откривање на новото во гејминг светот
Повеќе од продажен простор
Анхоч Discovery е замислен како простор во кој технологијата не е само изложена, туку се доживува. Gaming зоната е токму продолжение на таа идеја — место каде што можеш да добиеш подобра претстава за производите пред да направиш избор, да се консултираш со тимот на Анхоч и да го пронајдеш решението што одговара на твоите потреби, без разлика дали го составуваш својот прв gaming setup или планираш сериозен upgrade.
А за оние што едноставно го сакаат гејмингот? Доволна причина е само да поминат и да ја почувствуваат атмосферата.
Gaming starts here.
Посети ја Gaming зоната во Анхоч Discovery во Ramstore Mall и откриј го гејмингот од поинаква перспектива.
Анхоч – Живеј ја иднината денес!