Најголемата шопинг манија во градот, Garage Sale само што започнa! Дали сте подготвени за нова луда авантура за потрага на производи по ниски цени до 70% попуст?
Ние ви предлагаме 10 работи што не смеете да пропуштите да ги купите на петтата акциска распродажба во трговскиот.
- Облека – никогаш доста од модните трендови и тенденции што налагаат стилски неодоливи комбинации.
- Обувки – едноставно не постои човек што може да изјави дека има доволен број на обувки. Се согласувате?
- Модни додатоци – чантите, марамите и накитот, едноставно секогаш се во тренд и ја освежуваат секоја модна комбинација.
- Книга – затоа што ваквата анти стрес терапија чини премалку, ако ги земеме предвид придобивките што ги нуди.
- Технологија – се ближи обновувањето на модерната технологија во вашиот дом.
- Играчка – ништо не може да ги израдува вашите малечки како нова играчка, а уште ако нуди и едукативна содржина, верувајте дека сте направиле вистински погодок.
- Козметика – време е за нови козметички производи што одамна ги посакувавте и кои ќе го освежат вашиот несесер.
- Декоративни елементи – внесете свежина во вашиот дом со стилски елементи за доопремување на домот или пак работната просторија.
- Изненадување за миленичето – вашето најдобро пријателче заслужува да биде најубавото милениче во околината. Купете му уникатен ремен и гордо парадирајте во Градскиот парк.
- Подарок – не чекајте повод, едноставно помислете на драга личност и спонтано изберете подарок со кој ќе знаете дека сигурно ќе и го разубавите денот.
Во продолжение дел од богатиот избор на производи и облека кои што можете да ги купите за време на акцијата Гараж сејл.
Побрзајте, акцијата трае до недела, 21ви август.